Победата на Груевски во анкетите е пораз и за власта и за опозицијата

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Што е следно, Никола Груевски да се врати невин на бел коњ?“ Ова пред четири дена го рече експремиерот Зоран Заев откако Апелациониот суд ја поништи пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, а во кој обвинет беше поранешниот прв човек на тајната полиција Сашо Мијалков.

И како за беља, само два дена подоцна, Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) објави резултати од анкета кои прикажуваат дека „експремиерот Никола Груевски, кој веќе четири години е во бегство во Унгарија, всушност, е најпопуларниот политичар во Македонија“.

Оттука се поставуваат неколку прашања: Што (не) се сменило во земјава во изминатите неколку години? Колку треба да сме очајни како држава за да се доведеме во ситуација да немаме ниту еден атрактивен активен политичар кој би имал доволeн капацитет за да го надмине рејтингот на некои поранешни политичари? Колкава е довербата на граѓаните во актуелните политичари од власта и од опозицијата штом спасот го бараат во поранешни функционери кои одамна се во сенка од актуелните политички збиднувања?

Според анкетата, поранешниот премиер Груевски е „најпопуларен политичар“ со рејтинг од 7%, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, има доверба од 6%, како и првиот човек на ДУИ Али Ахмети, по што следи Ковачевски со 5%. Груевски за само една година добил најмногу на популарност од 3% на 7%. Подобрување во рејтингот во споредба со лани има и кај поранешниот претседател, премиер и прв човек на СДСМ, Бранко Црвенковски, од 1 на 2% доверба.

За ваквиот феномен разговаравме политички аналитичари, експерти, комуниколози, поранешни министри…

Спомени од минатото

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски во разговор за Плусинфо вели дека луѓето само се разочарани од актуелната состојба во којашто се наоѓа Македонија и мечтаат по првите неколку години од владеењето на Никола Груевски кога постоеше ред.

Ако имавме силна опозиција, тогаш немаше ни да ни се случат одредени работи. Но, ние имаме опозиција која се грижи само за својот рејтинг и за ништо друго.

Синиша ПекевскиПолитички аналитичар

– Ваква катастрофа не само што не памти Македонија во своите 30 години, туку не знам дали ваква катастрофа се случила во друга земја, освен во некоја банана-држава во Африка или Јужна Америка. На луѓето од Македонија веројатно сѐ уште им се свежи сеќавањата кога во земјава постоеше ред за време на владеењето на Никола Груевски. Луѓето сѐ уште се сеќаваат дека во тој период одреден дел од работите беа на место – од јакнење на духот македонски, до укажување на грешки и казнување неспособни политичари. Добро знаеме дека работите отидоа по ѓаволите во вториот дел од владеењето на Груевски, но редот постоеше во првите 8 години од неговото владеење – објаснува Пекевски.

Тој потенцира дека на народот веќе му е смачено од лажни политичари кои си го гледаат само својот интерес.

– Се чудиме како е можно да нема ниту еден активен политичар со поголем рејтинг од поранешниот премиер Груевски. Чекајте малку, па зарем вие можете да издвоите еден политичар кој се издвојува од масата и чиј збор вреди повеќе од другите? За жал, јас не гледам таков. Ако имавме силна опозиција, тогаш немаше ни да ни се случат одредени работи. Но, ние имаме опозиција која се грижи само за својот рејтинг и за ништо друго. Луѓето со право не гледаат перспектива во ништо – вели Пекевски.

- Advertisement -
Ad image

Што сака да каже писателот?

Поранешниот претседател на Собранието Тито Петковски, пак, не верува дека Никола Груевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите во Македонија, туку, како што вели, оваа информација е намерно пласирана во јавноста за да се одвлече вниманието од останатите скандалозни процеси.

Јас мислам дека резултатите од анкетата на ИРИ имаат задача да го креираат јавното мислење, а не да го анкетираат. Постојат структури во земјава кои тоа го бараат и го добиваат.

Тито ПетковскиПоранешен претседател на Собранието

– Спроведувачите на анкетите понекогаш не го мерат јавното мислење, туку имаат задача да го насочуваат јавното мислење. И мислам дека сега се случува такво нешто. Размислете и согледајте ги работите. Токму сега во земјава се одвива борба против корупцијата, избор на шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал, избор на претседателка на Судски совет… И јас мислам дека резултатите од анкетата на ИРИ имаат задача да го креираат јавното мислење, а не да го анкетираат. Постојат структури во земјава кои тоа го бараат и го добиваат – вели Петковски за Плусинфо.

Без разлика колкава поддршка има Никола Груевски од членството на ВМРО-ДПМНЕ, додава нашиот соговорник, едноставно не е можно токму тој да има највисок политички рејтинг од сите политичари од Македонија.

- Advertisement -
Ad image

– Впрочем, Никола Груевски веќе не е ни политичар, туку криминалец во бегство. Така што, според мене, ова не е веродостојна информација. Резултатите од анкетите секогаш треба да се гледаат низ диоптријата на останатите актуелни настани во земјата, па дури тогаш треба самите да си го поставиме прашањето: што сака да каже писателот? – објаснува Петковски.

Сме го завртеле кругот

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров смета дека вистинското прашање коешто произлегува од анкетата на ИРИ е зошто речиси сите политичари имаат ретинг близу до статистичката грешка?

Никола Димитров: Ова значи дека за 6 години сме го завртеле кругот. Пораката е јасна. Наместо правдата, победи партизацијата и корупцијата.

– Без конкуренција, најпопуларниот политичар во Македонија всушност е „ниту еден”, со 38%. Поразително е и тоа што за дури 58% од македонските граѓани земјата оди во погрешна насока, наспроти само 13% кои мислат дека Македонија се движи во правата насока. За граѓаните, земјата е во полоша состојба и во споредба со екот на политичката криза во 2016 година, кога исто 58% беа негативни, но тогаш 20% беа задоволни. Ова значи дека за 6 години сме го завртеле кругот. Пораката е јасна. Наместо правдата, победи партизацијата и корупцијата – вели Димитров за Дојче веле.

Сличен став дели и комуникологот Петар Арсовски, кој смета дека најголем рејтинг меѓу политичарите во Македонија всушност нема никој.

– Резултатите од анкетата кај сите политичари се во распон од 5 до 7 процентни поени, што е во рамките на статистичката грешка. Токму затоа не може така едноставно да се извлече заклучок дека експремиерот Никола Груевски е најпопуларен политичар во земјава. Но, се согласувам дека резултатите од анкетата се загрижувачки, бидејќи со нив се праќа порака дека за граѓаните „никој од политичарите не чини“ – објсанува Арсовски.

Политичар со цврста рака

Бројките од анкетата на ИРИ, кои се движат под 10%, покажуваат дека ниту еден од политичките лидери нема доволна популарност кај испитаниците, коментира Марко Трошановски од Институтот за демократија.

Кога имате високо распространета корупција или интра-етнички фрустрации кај луѓето, се разбира дека излезот се гледа во лидери коишто се перципираат како политичари со цврста рака.

Марко ТрошановскиИнститут за демократија

– Кога имате ситуација во која многу малку од административните услуги функционираат ефикасно, кога имате високо распространета корупција, или интра-етнички фрустрации кај луѓето, се разбира дека излезот се гледа во лидери коишто се перцепираат како политичари со цврста рака – вели Трошановски.

За предноста на Груевски во однос на другите лидери и кој владееше во период кога беа нарушени бројни демократски процеси, Трошановски додава:

„За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ земјава исто така имаше понизок степен, односно понизок индекс на перцепција на корупцијата, отколку во изминатите 5 години. Исто така доби неколку последователни препораки за отпочнување преговори од страна на Европската комисија. Така што, веројатно, луѓето кога се сеќаваат позитивно на времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на Груевски е на првите неколку години од тоа владеење – вели Трошановски во интервју за Гласот на Америка.

Share This Article