More

    Турбулентни 15 месеци по смртта на Марина Туцаковиќ, Лаќа се обвинувал за смртта на мајка си

    spot_img

    Синот на Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, Милан Радуловиќ Лаќа (36) е пронајден мртов на улица во Тел Авив, Израел. Трагедијата, која се случи само 15 месеци по смртта на неговата мајка, ги остави со скршено срце пријателите, соработниците и семејството на текстописецот.

    Лаќа, според оние што го познавале, вечниот Петар Пан, последните денови ги поминал во Израел, од каде се слушнал со одредени пријатели и соработници, кои велат дека текстописецот бил исклучително расположен и полн со планови, поради што им останала енигма, како можело да се случи таков трагичен пресврт на настаните.

    По смртта на неговата мајка, тој почнал да се експонира во јавноста. Промената во однесувањето на Милан Радуловиќ Лаќа била забележлива по смртта на неговата мајка Марина Туцаковиќ во септември минатата година. Дотогаш, повлечен и незаинтересиран за медиумското внимание, Лаќа почнал да се експонира и во бројните исповеди се присетил не само на односот со мајка си, туку зборувал и за нејзините соработници.

    Неговите објави на социјалните мрежи го привлекоа вниманието на твитерџиите и медиумите, а тој отворено зборуваше за борбата со пороците.

    – Мајка ми има тефтери само со напишани песни, мобилни телефони, тука некаде е и списокот за пазар. Мајка ми не беше материјалист, колку и да ги сакаше материјални работи. Такво нешто, како список на долгови, воопшто не постои – изјавил тогаш Лаќа.

    – Некоие текстови ги пишуваше и за џабе, од љубов и добра волја. Дали тоа се вратило или не, не знам – но таа беше жена која беше подготвена да прости сè. Според неа, сите беа добри – истакнал тој.

    Во една од своите исповеди, Лаќа зборувал за борбата со хероинот.

    – Почнав на 15 години, на 17 станав зависен од дрога, па паузирав 4 години, но кога завршив на клиника за рехабилитација тоа беше крајот. Започна како љубопитност, а продолжив и кога сфатив дека тоа лошо влијае на мене. Тоа е болест. Кога ќе ја почувствувате првата хероинска криза, тоа е нешто… Тоа е најопасната дрога. Во Врачар ни нудеа хероин повеќе од трева, го имаше насекаде. Сега го нема толку – раскажувал Радуловиќ во своите интервјуа.

    Четири месеци пред крајот на животот, желбата да избега од себе, како што многумина го протолкуваа неговиот потег, резултираше Лаќа да си го смени името.

    Тој тогаш се огласил на социјалната мрежа Твитер и ги известил своите следбеници дека ќе се повлече од јавноста и го објави своето сегашно име:

    „Драги мои следбеници, Милан Лаќа Радуловиќ од денеска оди во илегала. Во превод, го нема повеќе текстописецот Лаќа. Него го заменува мојот пулен Боб Алеф. Тоа мало момче е опасно и ќе надмине сè!“, напишал тогаш Лаќа.

    На заминувањето на Лаќа во Израел на крајот на ноември годинава му претходела одлуката дека нема да се врати повеќе во Белград, туку својот дом го нашол во Нови Сад.

    А неговата изјава дека по смртта на мајка му се чувствува добро само кога патува, го навела да ја напушти Србија и да замине во земјата, како што се испоставило, каде прерано го заврши животот.

    Иако изгледаше дека му се допаѓа Тел Авив, со оглед на веселите фотографии на Твитер и разговорите со пријателите и соработниците на кои им зборувал за понатамошните планови во животот, се случи трагичен пресврт кога неговото тело беше пронајдено на улица во Израел.

    – Лаќа беше пријавен за исчезнат на 12 декември. Добив информација дека е пронајден на улица во Тел Авив. Не знаеме во каква состојба е пронајден. Посебно му благодариме на конзулот Душан Вујовиќ – изјави неговиот татко Фута за „Блиц“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img