Четворица тинејџери во вторникот се пронајдени живи на остров во југозападна Австралија, откако ноќта ја минале во немирни води, плутајќи околу 30 километри, соопштија локалните власти.
Во објава на Твитер, полицијата на Викторија соопшти дека групата од две момчиња и две девојчиња, на возраст од 18 и 19 години, во понеделникот тргнала од градот Розебад на две даски за веслање, пред да ги зафатат олујни ветрови кои ги турнале во заливот Порт Филип.
– Не можејќи да се спротивстават на налетите на ветрот, тие плутале со плимата и осеката и пристигнале на островот Сван, воена тренинг база на спротивната страна од заливот, околу 2 часот по полноќ – соопшти полицијата.
– Премрзнати и дезориентирани нашле засолниште во колиба. Кога се разденило, лутале низ островот и биле лоцирани од обезбедувањето – извести полицијата, додавајќи дека потоа биле пренесени во болница.
Групата ја пронашол мештанин за време на утринска прошетка на плажата. Полицијата била сериозно загрижена за безбедноста на групата, но на крајот се завршило среќно.
– Нашите деца се пронајдени и многу сме среќни поради тоа. Тоа е огромно олеснување, бевме навистина очајни – рече Џек Ши, татко на еден од тинејџерите.