Градот Риека се откажува од огнометот кој досега беше вообичаен дел од организираната новогодишна прослава, а дел од парите за огнометот ќе бидат пренасочени за здруженија кои се грижат за животните, соопшти градската управа на Риека.
Градот Риека извести дека огнометот годинава нема да биде дел од новогодишната прослава што ја организира градската управа во центарот на Риека.
„Оваа одлука е донесена со намера да се заштитат животните и животната средина од негативните последици на огнометот, односно сите врз кои употребата на пиротехнички средства може да има какви било последици и новогодишната прослава да се одржи во согласност со современите еколошки стандарди. “, изјавија тие.