Часовникот кој го носи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на снимка од прослава со заменикот-министер за одбрана крена прашина во јавноста. Откако порталот Инсајдер објави дека се работи за часовник вреден 85 илјади долари, американскиот диплмат Мајкл Мекфол напиша дека тој чинел 6 милиони долари.
Мекфол цитираше твит на истражувачката Мариа Певчиќ која напишала дека часовникот чини 6 милиони рубљи, а не долари.
Ова не го спречи американскиот дипломат да напише дека е работи за долари:
„Помошникот на Путин, Песков, носи часовник од 6 милиони долари! Па кој друг го прави тоа? Зошто Русите повеќе не се лутат поради ова? Понекогаш посакувам да има повеќе вистински комунисти во Русија, кои се залагаат за класна револуција против овој корумпиран антички режим“, напиша тој на Твитер.
А што славел Песков? Се работи за родененска прослава на жената на заменик-министерот за одбрана. Песков држи микрофон додека заменик-министерот држи чаша со алкохол. Кога заменик-министерот забележува дека скапиот часовник се гледа, тој го покрива часовникот со ракавот на Песков.
Претходно, Песков се појавуваше во јавноста со додатоци кои чинат многу пати повеќе од неговите месечни примања. Така, на фотографиите од неговата венчавка со ѕвездата во уметничко лизгање Татјана Навка во 2015 година, Песков носи часовник Ричард Мил вреден 525.000 долари – додека неговиот официјален годишен приход во тоа време едвај надминувал 128.000 долари.