Досега 23 фирми ги исполниле високите стандарди за учество на тендери

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки досега направиле 23 компании, а таа можност им се дава и на сите компании кои ќе ги исполнат стандардите, е соопштено на денешната промоција на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“.

– Формирањето на овој поткомитетот ќе им овозможи извонредна прилика  на скоро сите наши компании да постигнат ниво на стандард кој е многу повисок заради пласманот на пазарите на Европа и развиените земји – изјави извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев.

Со формирањето на овој поткомитет се отвораат вратите за македонскиот бизнис сектор за креирање одржливи решенија и можности за македонската економија со што компаниите добиваат можност да учествуваат на набавките објавени за потребите на НАТО и земјите членки.

-НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде една голема можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на НАТО алијансата. Се работи за еден значителен буџет, којшто се мери во милијарди евра – рече министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа истакна дека до сега постапка за регистрација за учество на НАТО јавните набавки имаат направено 23 компании, и ги охрабри и другите компании да ја искористат оваа можност, и со тоа заеднички да придонесеме за јакнење на економијата во државата.

Активностите на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” треба да овозможи конкретни мерки и активности, едукативи настани преку кој ќе се олесни и значително ќе се подобри пристапот на македонските компании на НАТО пазарот, сè со цел да придонесе кон подобрување на македонската економија.

Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „МКД НАТО 2030″ истакна дека ова е одлична можност на компаниите за учество на тендерите на НАТО во делот на артикли и дејности како што се осигурување, набавка на облека, униформи, обувки, изградба и оплеменување на објекти, ИТ консултации, консултатнски услуги, лекови, медицински услуги за НАТО силите на Косово и др.

Претседател на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата” е претседателот на СКСМ Бранко Азески.

Share This Article