Пејачката Амаја го објави својот нов спот за песната Рдече. Песна која не гали со голема доза на сензуалност, сензибилитет, искреност и страст.
„Се предадов на женската енергија, која поради големите животни промени во последните години спиеше малку длабоко во мене. Сакав повторно да ја разгорам страста за животот, сензуалноста, ранливоста и внатрешната сила. Ми се чини дека ова навистина ни недостига како општество. Ја оставив да ме допре, а во исто време ширум ја отворив вратата на љубовта“, вели Маја Кеуц – Амаја. Визуелната и звучната слика на песната Rdeče носи допир на безвременост, со смели и модерни „стајлинзи“ и модерна продукција на продуцентот HYU, но во исто време не ставаат во духот на времето во кое живееме.
Уникатното видео ги доловува искрените емоции, шармот на мистицизмот, нежноста и страста скриени во човекот; се одвива во танц меѓу двајца љубовници. Финалниот производ е визуелно најпривлечното видео на Амаја досега. Тоа го диктира и новиот правец на албумот. Со композицијата „Рдече“, Амаја се претстави на „Попевка 2022“ каде ја доби наградата за најдобар текст. Таа црпеше инспирација од сопствениот живот и ја зачини песната со голема доза на сензуалност. Со композицијата „Рдече“, Амаја се претстави на „Попевка 2022“ каде ја доби наградата за најдобар текст. Таа црпеше инспирација од сопствениот живот и ја зачини песната со голема доза на сензуалност.