На пречекот на репрезентацијата на Аргентина за малку ќе настрадаа пет нивни фудбалери, меѓу кои и Лионел Меси.
Леандро Паредес, Родриго Де Пол, Меси, Анхел Ди Марија и Николас Отаменди беа на задниот дел од автобусот што ги возеше „гаучосите“ низ улиците на Буенос Аирес.
Во еден момент додека петмината весело пееле и ги поздравувале фановите, пред нивните очи се појавиле жици од блискиот далновод.
За среќа, успеаја да откачат и во последен момент беше избегната трагедија.
Паредес остана без капата, но по таков шок сигурно нема да се грижи премногу.