Бразилските фудбалери побараа од соиграчот Нејмар да продолжи да игра за националниот тим, по разочарувачкиот резултат на Светското првенство во Катар.
Како што пренесува порталот „Гол“, бројни ѕвезди на бразилскиот фудбал, меѓу кои Винисиус Јуниор, Родриго, Ричарлисон, Рафиња, Лукас Пакета и Антони, побарале од Нејмар да не се повлекува од националниот тим.
Бразил беше елиминиран од Мундијалот во Катар по изведувањето на пенали и поразот од Хрватска во четвртфиналето, а Нејмар потоа не сакаше да каже дали ќе продолжи да настапува за националниот тим.
Нејмар сака да се одмори и да ги пропушти натпреварите на репрезентацијата кои се закажани за почетокот на следната година, но нема намера целосно да се повлече од националниот тим, објави споменатиот портал.