Уште од премиерата на блокбастерот „Титаник“ на Џејмс Камерон пред 25 години, се води дебата за клучната сцена при крајот – дали Џек (Леонардо ди Каприо) би можел да го преживее фаталниот бродолом, ако неговата сакана Роуз (Кејт Винслет) направи само малку простор.за него на пловечката врата што ја спаси од ледените води.
Режисерот Џејмс Камерон, кој моментално ги освојува бокс офисот ширум светот со продолжението на „Аватар“, решил да стави крај на таа дебата, пренесува CNN.
Тој рече дека спровел „форензичка“ студија за да покаже дека вратата не можела да поддржува две лица.
„Направивме научна студија за да ставиме крај на целата оваа работа и да ставиме влог во нејзиното срце еднаш засекогаш“, изјави Камерон за Toronto Sun.
„Оттогаш направивме темелна форензичка анализа со експерт за хипотермија кој го пресоздаде сплавот од филмот“, рече тој, додавајќи дека користеле „двајца каскадери кои имале иста телесна маса како Кејт и Лео“.
„Ставивме сензори над нив и ги пуштивме во ледена вода за да тестираме дали можат да преживеат на различни начини, а одговорот беше дека нема шанси и двајцата да преживеат. Само еден можеше да преживее“, подвлече режисерот.
Како што најави, студијата ќе биде тема на специјална емисија за National Geographic, по повод 25-годишнината од Титаник.