Пет лица загинале во престрелка во станбена зграда пред полицијата да го убие напаѓачот. Крвопролевањето се случило во неделата вечерта во Вон, град во близина на Торонто, пишува Гардијан.
Канадската полиција во неделата вечерта добила дојава за маж кој отворил оган и убил неколку лица во, како што во моментов полицијата се сомнева во неколку станови.
– Кога пристигнала полицијата, дошло до интеракција меѓу полицијата и напаѓачот, кој на крајот бил застрелан. Тој бил прогласен за мртов на местото на злосторството, соопшти локалната полиција.
– Страшна сцена. Шестмина загинати, а еден од нив е напаѓачот. Во моментов имаме пет жртви, изјави началникот на полицијата Џејмс МекСвин. Едно лице е пренесено во болница со сериозни повреди, но се очекува да преживее.
Засега не се знае дали напаѓачот бил жител на зградата во која се случило крвопролевањето. Полицијата се уште ги истражува мотивите за злосторството.
Полицајката Лора Никол изјави за Си-Ен-Ен дека ова злосторство е „најстрашното нешто што го видела во нејзината кариера“.