Американскиот католички свештеник, отец Френк Павоне, лидер на американското движење против абортусот и силен поддржувач на поранешниот претседател Доналд Трамп, е разрешен од функцијата поради „бласфемични објави” на социјалните мрежи и непослушност, јавуваат британските медиуми.
Во писмото испратено до американските бискупи од претставникот на Светата столица во Вашингтон, се наведува дека Ватикан го разрешил Павоне во ноември, а во него било наведено, меѓудругото, дека Павоне нема право на жалба на одлуката за резрешување.
Во писмото се наведува дека Павоне бил отстранет поради „бласфемичната комуникација на социјалните мрежи” и неговата упорна непослушност кон упатствата и наредбите на верските старешини.
За време на претседателската кампања во 2016 година, Павоне објави видео од абортиран фетус на олтар и ги повика католиците да не гласаат за демократската кандидатка Хилари Клинтон, која подоцна загуби од Трамп.