More

    Лука Модриќ доби уште една награда од ФИФА

    spot_img

    Хрватската фудбалска репрезентација го освои бронзениот медал на Светското првенство во Катар, а капитенот Лука Модриќ доби уште едно признание од ФИФА.

    Имено, Модриќ е прогласен за трет најдобар играч на овој турнир. Да потсетиме, пред четири години, во Русија во 2018 година, Модриќ ја освои Златната топка за настапите на Светското првенство кога пламените го освоија сребрениот медал.

    Аргентинецот Лео Меси ја освои Златната топка за најдобар играч на Светското првенство оваа година, откако ја предводеше Аргентина до победа во финалето против Франција. Во регуларното време во финалето Меси двапати беше стрелец, а потоа погоди и во пенал рулетот.

    Вицешампионот Килијан Мбапе беше прогласен за втор најдобар играч и ја освои Златната копачка за најдобар стрелец со вкупно осум гола на турнирот, еден повеќе од Меси.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img