Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров на Телеграм ги повика муслиманите од целиот свет да се обединат против НАТО.
„Во последните 100 години Соединетите Американски Држави и Европа организираа десетици војни, воени удари и инвазии. Милиони цивили беа нивни жртви. Меѓутоа, во овој момент тие организираат уште пострашни закани, уништувајќи ги целите морални вредности формирани од народите на сите земји за време на постоењето на човештвото. Го повикуваме целиот исламски свет, сите разумни луѓе да се обединат против нашиот заеднички непријател“, напиша Кадиров.
Според него, Северноатлантската алијанса му се заканува на целиот свет.
„Меѓутоа, Русија противречи на сите западни прогнози, му пркоси на ова зло и самоуверено се движи кон победата. Не дозволувајте НАТО да ви дава наредби, бидејќи тие наскоро ќе дојдат и ќе ја згазат вашата татковина. Бидете обединети на истиот фронт со вашите браќа“, додаде чеченскиот лидер.