More

    Аргентина и Франција денеска во конечна пресметка

    spot_img

    Денеска со почеток од 16 часот се игра последниот меч на Светското првенство во Катар, за најголемиот фудбалски пехар се борат Аргентина и Франција. Прекрасниот стадион „Лусаил”, оддалечен 35 километри од катарската престолнина Доха ќе биде домаќин на финалето на Мундијалот 2022 во кое аргентинскиот капитен Лионел Меси има последна можност да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во богатата кариера. Франција, од друга страна, ќе се обиде да стане третата репрезентација на која ѝ успеало да ја одбрани светската титула, по Италија и Бразил.

    Едно е сигурно победникот по трет пат ќе стане светски првак, зашто и двете репрезентации два пати досега во историјата биле светски шампиони.

    Аргентина го игра шестото мундијалско финале, а на трофејот чека од 1986 година, кога Гаучосите предводени од Диего Марадона триумфираа на завршниот турнир во Мексико. Меси, покрај шансата да ја освои светската титула, ќе стане фудбалер со најмногу настапи на светските првенства во историјата (26).

    Од друга страна, Франција, предводена од Килијан Мбапе, го игра своето четврто финале на светските првенства, а трето во 21 век.

    Со триумф на Франција, 23-годишниот Мбапе може да стане вториот играч во историјата кој освоил двете светски титули пред да наполни 24 години, по легендарниот Бразилец Пеле.

    Селекторот на „гаучосите“ Лионел Скалони нема проблеми со повредени фудбалери, на располагање ги има сите фудбалери, неизвесен е единствено Папу Гомез кој се жали на повреда на зглобот. За разлика од Скалони, Дешам уште од пред почетокот на Мундијалот имаше многу главоболки кои продолжија низ целото Светско првенство. Франција беше вистинска болница во изминатите денови, па не е лесно да се креира стартниот тим.

    Во Франција имаше неколку фудбалери кои се разболеа, дел од нив ќе се стават на располагање, дел ќе го пропуштат мечот. Неизвесни се и Жиру поради повреда на коленото, исто на болка во коленото се жали и Тео Ернандез, а болки во колкот има Чуамени. Сепак се верува дека сите тројца ќе бидат соберат сили и ќе настапат во финалето.

    Аргентина цели 36 години ја чека титулата Светски шампион, последен пат до светската круна стигнаа кога Диего Марадона царуваше на фудбалските терени, Франција пак е една од најмоќните репрезентации во последните декади, тие се последните освојувачи на Мундијалот.

    Финалето е со почеток во 16 часот, а главен судија ќе биде Симон Марчинјак од Полска.

    Во малото финале вчера Хрватска го совлада Мароко со 2-1.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img