Смртта на фудбалската легенда Синиша Михајловиќ го шокираше фудбалскиот свет.
Тој не успеа да издржи во животната битка со леукемијата и почина денеска на 53 години.
Последен пат беше виден во јавноста пред неколку дена, на 7 декември, кога ненајавен пристигна на промоцијата на книгата на познатиот тренер Зденек Земан во Рим, кој беше негов голем пријател.
Земан беше толку изненаден што не можеше да ги сокрие солзите.
– Зденек не освои премногу пехари, но всушност тој е меѓу најтрофејните тренери на светот, бидејќи создаде многу фудбалери и донесе нова димензија во италијанскиот фудбал. Остави неизбришлива трага во Калчото – изјави тогаш Михајловиќ.