Ибрахимовиќ на српски јазик открива што научил од Михајловиќ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Прославениот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ нѐ напушти денеска на 54-годишна возраст, па со него се збогуваат неговите пријатели, поранешните клубови, секако и роднините.

Михајловиќ оставаше големи траги каде и да се појавеше, а најмногу во Црвена ѕвезда и во Италија, но тоа што е посебно впечатливо е дека важеше за голем авторитет во соблекувалните уште додека беше играч, а подоцна и тренер.

Во тренерските води влезе во 2006 година како помошник на тогашниот тренер на Интер, Роберто Манчини.

Тогаш, всушност, се запозна и со Златан Ибрахимовиќ, кој важи за темпераментен лик кој по својот карактер многу наликува на Миха.

Во интервјуто за Мондо од пред неколку години, Златан призна дека имал голема почит кон Михајловиќ уште од времето кога Србинот беше фудбалер, а таа почит значително се зголемила кога тој му стана тренер.

– Каков е тој човек? Го знам една година и сега тој е мој тренер, но морам да признаам дека Михајловиќ е повеќе од тренер. Тој е пријател. Секој ден разговараме, си помагаме, се зае*аваме и имаме ист менталитет. Сакаме да победуваме и правиме сѐ за да победуваме. Голем човек е, има голема фамилија и им помага на играчите – рече тогаш Ибрахимовиќ.

На прашањето што научил од Михајловиќ, тој вели:

– Што сум научил од Миха? Научив да бидам стабилен како личност и да сфатам дека имам време за сѐ. Научив дека сум млад и дека моето време ќе дојде, дека морам да тренирам, но и да шутирам слободни удари.

Share This Article