Џони Деп му исполни желба на тешко болно дете

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Џони Деп, американската филмска ѕвезда која го игра капетанот Џек Спероу, реши повторно да облече пиратски костум и да одговори на желбата на 11-годишното момче.

Храбриот Кори имал две трансплантации на срце, но тие биле неуспешни. Момчето одлучило дека не сака да помине низ трета трансплантација на срце.

Лекарите рекле дека не се знае уште колку долго ќе живее.

Момчето неодамна отвори канал на Јутјуб, кој веќе го следат повеќе од 160.000 луѓе.

Меѓу нив е и Џони Деп. Во својот познат пиратски костум од хит филмот „Пиратите од Карибите“, Деп снимил специјална порака за момчето.

„Ти посакувам сѐ најдобро. Јас сум твојот обожавател број еден, капетан Кори. Мој пријателе, ти испраќам љубов и почит“, се вели во неговата порака.

Актерот исто така рече дека ќе ги поттикне своите пријатели да го следат каналот на Кори.

Каналот на Кори го следи холивудската ѕвезда и борач Двејн Даглас Џонсон, попознат како Карпа.

Момчето и Џони Деп исто така разговарале на телефон.

- Advertisement -
Ad image
ФОТО: Јутјуб
Share This Article