Спасовски очекува да се свика Советот за координација и АНБ да се вклучи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Тетово, зборувајќи за електронските дојавите за бомби кои постајано пристигнуваат на различни места во изминатиот период, рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.

– Ние имаме добра геостратешка положба, таа ни помага многу за други работи, меѓутоа од аспект на безбедносните предизвици претставува голема индикација. Дел од пораките коишто ги праќаат деновиве се истите пораки коишто ги добиваат и државите во регионот. Комплетно истиот текст којшто е кај нас е и во неколку земји во регионот, Црна Гора, Република Српска … Секако има и еден друг сегмент во којшто има најави од други причини. Знаете дека во Скопје имаме завршен случај, откриен за еден ден, на добар пат сме сега брзо да се реализира и за Кавадарци, работиме постојано со нашите меѓународни партнери, со сите меѓународни организиации коишто можат да помогнат во овој дел се со цел да можеме да дојдем до откривањето – нагласи Спасовски.

Тој потенцирашедека важна е присебноста и брзата реакција и оти тоа го прави македонската полиција во секој еден момент.

– Целта е таа, да се поттикне страв, несигурност, паника, да се трошат институциите, да се уриваат политичките власти во државата, меѓутоа ние на тоа успешно се спротивставуваме и ќе се спротивставуваме затоа што нашиот пат и нашата идина ја бираат нашите граѓани. Не може никој од надвор да ни наметнува дали ние ќе бидеме дел од НАТО и дали ќе одиме по европскиот пат. Секако дека ова е предизвик, да се надеваме дека ќе дојде до решение на целиот процес – рече министерот.

Тој додаде дека за да се работи на случајот е формиран посебен штаб во МВР.

– Очекувам да се свика и Советот за координација на кој што ќе разговараме од аспект на националната безбедност, бидејќи тука мора да се вклучат и Ангецијата за национална безбедност и другите институции коишто се значајни во овој дел. Бидејќи ако дојавите се најава за тероризам тогаш сите треба да се вклучиме во ова за да дојдеме до стабилизирање на состојбата – потенцираше Спасовски.

Share This Article