Мури Лопез, партнерката на Лисандро Мартинез откри дека девојките и сопругите на фудбалерите разговарале што ќе прават доколку „гаучосите“ го освојат Светското првенство, паднал договор сите да стават тетоважа.
По победата над Хрватска во полуфиналето, сопругите и девојките на фудбалерите на Аргентина седнале на вечера во шпански ресторан во Доха. Една од темите на разговор била што да се прави доколку „гаучосите“ триумфираат на мундијалот во Катар.
– Се договоривме сите да ставиме тетоважа со која ќе го обележиме овој историски момент – открива Мури Лопез, партнерката на Лисандро Мартинез.
– Не одличивме за точниот изглед на тетоважата. Имаше дебата, едни говореа за онаа работа (трофејот од Светското првенство, не го кажува за да не направи малер), други сакаа да се истетовира датумот, трети сакаа да биде нешто испишано на арапски… Имаше неколку идеи – рече Мартинез.