Барањето на Владата на Србија за враќање на сто до илјада српски безбедносни сили според резолуцијата 1244 на територијата на Косово и Метохија е поднесено денеска до КФОР на административниот премин Мердаре, дознава српски Курир.
Владата на Србија синоќа донесе одлука дека согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН ќе испрати барање до КФОР за враќање на до илјада српски безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во емисијата „Четврток во 9“ изјави дека одлуката е донесена едногласно, нагласувајќи дека тоа ќе доведе до намалување на тензиите. Сепак, тој истакна дека КФОР најверојатно нема да го прифати барањето на Србија.
– Мислам дека би било важно за заштита на српското население и пред се за контрола на како што ги нарекуваат граничните премини, всушност на административните премини Јариње и Брњак и драматично би ги намалило тензиите и би била добра одлука. Според сето она што го слушнавме, претпоставуваме дека нема да биде прифатено – рече Вучиќ.
Одлуката на Владата на Србија е донесена поради последните тензии на северот на Косово и Метохија, каде веќе седми ден траат српските барикади – протестирајќи поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ и присуството на специјалните единици на Косовската полиција на север.
Ситуацијата на Косово и Метохија не се смирува, бидејќи претставниците на привремените власти во Приштина продолжија да апсат Срби. Слаѓан Трајковиќ е уапсен синоќа во Бошњачка Махала, во северна Косовска Митровица. Тој е еден од припадниците на косовската полиција кој ја напуштил службата.
Фото: Илустрација