Откако некои луѓе во Австралија конзумирале токсичен спанаќ, развиле халуцинации и делириум. Имено, на девет лица им била потребна медицинска помош откако изеле млад спанаќ произведен од Ривиера Фармс.
Здравствените власти известуваат дека отруените имале и забрзан пулс и заматен вид. Тие предупредија дека сите пакувања спанаќ од таа марка со рок на траење до 16 декември не се безбедни за консумирање и треба да се фрлат. Ривиера Фармс соопшти дека спанаќот најверојатно бил загаден со плевел, но дека тоа не се случило со ниту еден друг производ.
„Никој не загинал, затоа сме презадоволни“
„Никој не загинал, затоа сме презадоволни. Се надеваме дека така ќе остане. Но, овие луѓе се доста болни. Некои имаат халуцинации, гледаат работи што ги нема“, изјавил доктор Дарен Робертс од националниот информативен центар за отрови, а пренесува Би-би-си.
Портпаролот на Ривиера Фармс рече дека тие веднаш ги презеле сите неопходни мерки и побарале од продавниците да го отстранат овој производ од своите полици. Досега симптоми на труење пријавиле само граѓани од областа Сиднеј, пренесува Индекс.