Обвинета и европратеничката Мариа Спираки, се работи за пратенички „додаток“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европратеничката од Нова демократија, Мариа Спираки, изјави дека нема никаква поврзаност со аферата „Qatargate”, ниту има некаква поврзаност со било кој друг случај,  откако европската обвинителка побарала одземање на пратеничкиот имунитет не само на сменетата потпретседателка на ЕП, Ева Каили, туку и на нејзин колега, соработник, јави дописничката на МИА од Атина.

Според медиумите, барањето на обвинителката е по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти.

Европратеничката од Нова демократија објасни дека прашањето е поврзано со нејзин поранешен соработник, кој имал сериозен личен проблем и отсуствувал од седниците на Европскиот парламент, но и додаде дека прифаќа да ѝ биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај.

Паралелно, говорејќи утрово за грчките медиуми, Спираки истакна дека ќе побара суспензија на нејзиниот пратенички статус.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање на прес конференцијата во Брисел доцна синоќа рече дека нема целосна слика за случајот, но „станува збор за сериозен случај”, кој ќе го разгледа штом се врати во Атина.

Share This Article