More

    Железници Транспорт  утрово е без струја

    spot_img

    Железници Транспорт  утрово е без струја. ЕВН почна со исклучување на институциите  и државните компании кои не плаќале струја со години. На ред за исклучување е Клинички центар.

    – Рано утринава се исклучени мерните места на МЖ Транспорт. Без снабдување останаа сите делови кои се напојуваат од Електродистрибуција – потврдија од ЕВН.

    Долгот на Железници транспорт за струја  6,5 милиони евра.

    Од Железници Транспорт за МИА потврдуваат дека нема струја во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес.

    Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја.

    Како што веќе најави ЕВН, денеска до пладне ја чека писмена гаранција од владата дека ќе го плати долгот на Клиинички центар.

    – За Клинички центар  уште се чека гаранција од Владата. Доколку не се добие, ќе се продолжи со планот за исклучување – велат од ЕВН.

    Долгот на Клинички за период од 3 години е повисок од 7 милиони евра.

    Владата најави дека ќе го плати целиот долг на јавниот секотор кон ЕВН кој изнесува 40 милиони евра, но како што стојат работите ЕВН уште не добила гаранции дека долгот ќе се плати, ниту пак на нејзината сметка се платени долговите на некои од нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img