Руската воздушна база во Курск беше нападната синоќа, изјави Антон Герашченко, висок советник на Владимир Зеленски. Герашченко повикувајќи се на руските медиуми изјави дека „во Курск во близина на аеродромот се случиле две експлозии“.
„Непознат дрон погоди воен објект во Курск“, додаде тој подоцна.
Руската новинска агенција РИА Новости ја пренесе изјавата на регионалниот гувернер Роман Старовоит кој рече дека „Воздушната одбрана оперирала над регионот Курск во вечерните часови, нема жртви или штети“.
Објавено е видео кое наводно прикажува серија експлозии кои го потресоа градот во западна Русија околу 22 часот по локално време.
На друго видео наводно се гледа експлозија на рускиот аеродром во Курск. Градот се наоѓа во близина на границата со Украина, северно од Белгород и североисточно од украинскиот Суми.