По пласманот на француската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство во Катар, претседателот на таа земја Емануел Макрон не можеше да се контролира, па по натпреварот се симна во соблекувалната на својата репрезентација за да слави со играчите.
Макрон влезе во соблекувалната полн со енергија, и им честиташе на Французите што дојдоа чекор поблиску до искачувањето на врвот на светот.
Она што сепак ги воодушеви фудбалските фанови ширум светот е фактот што Макрон ја посети и соблекувалната на Мароко. Францускиот претседател, според пишувањата на медиумите, ја искористил приликата да им честита на Мароканците за брилијантно одиграниот турнир и јавно го пофалил Софијан Амрабар, за кого рече дека е „најдобриот играч за врска на турнирот“.
Макрон им посака среќа на Мароканците во мечот за третото место. Тој натпревар се игра во сабота, а големото финале е закажано за ден подоцна со почеток од 16 часот.