More

    Свлечилиште на патот Маврово – Дебар

    spot_img

    Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, помеѓу бензинската пумпа Макпетрол и манастирот Св.Јован Бигорски од 6.45 часот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 20 метри поради свлечиште, информира АМСМ.

    Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на свлечиштето и нормализирање на сообраќајот.

    Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на местото каде што се гради новата клучка Градско, на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај.

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

    Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img