Македонски Железници од утрината остана без електрична енергија, деловите кои се под електродистрибуција се отсечени од мрежата.МЖ Транспорт не успеа да го плати долгот којшто надминува 6,5 милиони евра поради што ЕВН почна со спроведување на својот план за исклучување.
Од ЕВН денеска до пладне чекаат писмена гаранција од владата на РСМ дека ќе се плати долгот на Клинички центар, кој што пак над седум милиони евра. Ако тоа не се случи има Клинички Центар „Мајка Тереза“ од денеска напладне ќе биде без струја. Клинички повеќе од три години не ги плаќал сметките за струја и сега државата бара средства од други ставки од буџетот за да го подмири овој милионски долг.