Улогата на архитектите и инженерите треба цврсто да се позиционира во нашето општеството рамноправни и релевантни чинители за постигнување на поширок општествен напредок, а тоа е можно само преку широка и отворена соработка со сите сродни и релeвантни ентитети – беше нагласено на потпишувањето Mеморандум за соработка меѓу Комора на трговски друштва за геодетски работи и Комората на овластени архитекти и овластени инженери.
Со документот се утврдуваат начелата за взаемни активности во различни области на соработката. Меморандумот за соработка го потпишаа м-р Кристинка Радевски, Претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и м-р Никола Рибароски, Претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи.
На потпишувањето на меморандумот м-р Радевски истакна дека цврстото позиционирање на инженерот во нашето општеството и неговата улога како рамноправен и релевантен чинител во меѓународниот инженерски свет е можно само преку широка и отворена соработка со сите сродни и релeвантни ентитети кои ги делат истите вредности и заложби.
– Имајќи го предвид значењето на геодезијата во секојдневието во врска со градбата и управувањето на недвижностите, неминовно е да се каже дека со геодетските работи започнува и завршува секоја градба. Ние сите заедно сме дел од едно цело и само со заеднички сили можеме да го прогресираме инженерството – област која што како ни една друга е одговорна да обезбеди здрава животна средина, растечка економија и подобра иднина за нашите млади генерации. Комората на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи е субјект која во рамки на своето работење регулира значителна област од градежната индустрија. Задоволство е што досегашната наша комуникација ја подигнавме до ова ниво – истакна м-р Радевски.
Тој рече дека со потпишување на овој меморандум со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, предвидена е соработка, размена на искуства и взаемна поддршка во неколку сегменти кои се однесуваат на делови од Законот за градење, Законот за Катастар на недвижности, како и законот за Геодетска дејност, кој допрва треба да биде усогласен со останатите закони и донесен за прв пат во историја на нашата држава.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери е независна, непрофитна, професионална организација што ги обединува сите инженерски професии во Македонија. Таа е единствената овластена институција која што издава јавни овластувања на архитектите и сите инженери во смисла на нивните професионални компетенции за работа на пазарот на трудот во областа на градежништвото. Комората има повеќе од 3.550 активни членови и е полноправна членка на Европскиот Совет на Инженерски Комори (ECEC) и дел од Светската Федерација на Инженерски Организации (WFEO).