Лука Модриќ, капитенот на хрватската репрезентација тешко загуби од Аргентина со 3:0 во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Асот на Реал Мадрид смета дека судијата Даниеле Орсато одиграл значајна улога во триумфот на Меси и неговите пријатели.
„Бевме добри, ја контролиравме играта, а потоа следуваше корнер, кој судијата не ни го изведе и пенал, за кој не мислев дека е. Тоа промени сè. Не ми се верува дека го изведе тој пенал. Но, тоа не можеме да го промениме. Мора да се опоравиме и да се обидеме да победиме на следниот натпревар“, изјави Модриќ.
Трофејниот истакнува дека Аргентина е подобра, но не застана тука.
„Аргентина фер победи, беа подобри, тоа го заслужија, но мора да се спомнат некои работи, што јас нормално не ги правам. Не сакам да зборувам за судии, но овој е еден од најлошите. Не го паметам добро, катастрофа. За мене тоа не е пенал“, смета Модриќ.
Капитенот на Хрватска играта за бронза не ја гледа како казна.
„Имавме одлично светско првенство, а сега е во прашање бронзениот медал. Мора добро да се подготвиме. И тоа е добар успех“, изјави Модриќ.