Европската комисија подготви нов пакет санкции против Русија и Белорусија, кои ќе ги погодат руските олигарси и политичари, како и три белоруски банки, пренесува Ројтерс.
Извори за новинската агенција изјавија дека санкциите, за кои денеска ќе разговараат амбасадорите на ЕУ на состанокот со почеток во 14:00 часот, ќе исфрлат три белоруски банки од банкарскиот систем Свифт и ќе додадат уште руски олигарси и политичари на црната листа на ЕУ.
Исто така, наводно, ќе го забрани извозот на поморска технологија од ЕУ во Русија и ќе вклучи насоки за следење на криптовалутите за да се спречи нивната употреба за заобиколување на санкциите.