Ковачевски: Социјална сигурност, повисоки пензии и нови градинки со Предлог-буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска денеска одржаа прес-конференција по повод Предлог-буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2023 година.
Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:
„Буџетот за 2023 година на МТСП изнесува 858,3 милиони евра. Оваа година се соочивме со голем број предизвици и на економски и на енергетски план, но граѓаните се уверија дека јас и министрите во Владата, носевме навремени одлуки и реагиравме како би се намалиле кризните предизвици и за граѓаните и за стопанството. Обезбедивме стабилност во есенскиот и зимскиот период. Во ниту еден момент, ниту една категорија граѓани не беше оставена настрана, туку напротив, високо на листата приоритети ни беа и остануваат, материјалните права на ранливите категории граѓани, самохраните родители, социјалните случаи, лицата со инвалидитет, пензионерите и останатите групи граѓани. Со буџетот на МТСП за 2023 година, обезбедуваме достапност на социјалните услуги, но и зголемувањето на материјалните права на пензионерите и граѓаните кои се дел од системот за социјална заштита.
На почетокот од мојот мандат, ветив дека како Влада ќе заложивме да обезбедиме достоинствена старост за нашите пензионери. Тоа и го направивме. Јас се залагам за креирање на системски решенија кои даваат резултати на долг рок. Тоа беше и појдовната точка кога ја правевме и новата методологија за усогласување на пензиите, со што обезбедивме континуиран раст на пензиите, кој што нема да зависи од ничија политичка волја или одлука. Така продолжуваме и во 2023 година, пензиите ќе бидат повторно зголемени во март 2023 година. Со новата методологија, што ја донесовме, пензиите се усогласуваат два пати во годината, септември и март и тоа 50% со трошоците за живот и 50% со просечната плата. Пензиите ќе бидат зголемени вкупно 16 % за време на една календарска година за сите 330.000 пензионери.
- Advertisement -
Ad image

Сето ова го направивме без да ги зголемиме стапките за пензиски придонеси, односно без да има дополнително преоптоварување на бизнис секторот. Најголемиот дел на средства, 499 милиони евра се трансфер до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, што е дополнителен показател за граѓаните дека пензискиот фонд го одржуваме стабилен. Со добрите економски политики на Владата, успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви, за речиси 330.000 пензионери обезбедуваме редовна и предвремена исплата на пензиите. Со овој буџет, обезбедуваме ублажување на последиците од кризата и ја зачувуваме социјалната сигурност на нашите пензионери со најмали пензии. Директна финансиска помош од вкупно 6.000 денари за пензионери коишто земаат до 11.525 денари, а воедно директна финансиска помош од 3.000 денари за пензионери коишто имаат пензија од 11.525 до 14.000 денари.

Изградивме систем на социјална заштита што ќе одговори на предизвиците со кои се соочуваат најранливите категории на граѓани. Обезбедивме средства за редовна исплата на правата од социјална и детска заштита и дополнителна финансиска поддршка. Владата од почетокот на пандемијата креираше неколку пакети антикризни мерки, со кои ги поддржавме ранливите категории на граѓани, како млади-студенти и средношколци, невработени лица и лица со минимална плата.

Со новиот пакет антикризни мерки, опфаќаме граѓани кои се најранливи. Тоа се лица кои што се приматели на помош за социјална сигурност, лица кои користат право на попреченост, родители на деца со попреченост, самохрани родители, итн. Со креирањето на буџетот и законите кои ги креиравме, нашата цел како Влада е видлива – заштита на најранливите во општеството. Со Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетска криза, обезбедивме средства за поддршка за најранливите категории граѓани. На овие граѓани им се исплаќаат по 3.000 денари месечно или вкупно 12.000 денари за 4 месеци.

Покрај правата од социјална заштита, ги зајакнуваме социјалните услуги за граѓаните на кои помошта им е неопходна. Во Буџетот за 2023 година, издвоивме три пати повеќе средства за услугите: помош и нега во домот, лична асистенција, живеење со поддршка, згрижување, лица со попреченост, стари лица, бездомни лица. И во 2023 година, не запираме во инвестиции во детската заштита. Предучилишните установи се клучот за социјализација на децата, исто така со вложувањето во нови градинки отвораме нови работни места што значи и економски развој на општината или населеното место. Продолжуваме да создаваме услови граѓаните да гледаат можност за просперитет и за развој за себе и за своите деца, онаму каде што живеат. Во Предлог буџетот за 2023 година се предвидени средства за нови капитални инвестиции. Изградба на нови и проширување на капацитетите на постојните градинки. Гевгелија, Дебар, Могила, Делчево, Карбинци, Битола добиваат нови капацитети за предучилишно воспитание. Со изградбата на овие градинки го прошируваме опфатот за околу 500 деца.

Дополнително со поддршка на Светска банка преку Проектот за подобрување на социјалните услуги, инвестираме во уште четири капацитети на детски градинки. Градиме во Липково Арачиново, Битола и Карпош. Овие нови детски градинки значат згрижување, социјализација и едукација на нови 450 деца, односно обезбедуваме вкупно 950 деца да имаат можност за влез во предучилишниот процес.

Буџетот на МТСП за 2023 година е за социјална, ефикасна и праведна заштита на најранливите категории граѓани и на пензионерите. Владата останува фокусирана да создава системски реформи, заштита на граѓаните, на пензионерите, на младите, децата, бизнис секторот. Парите во буџетот се на граѓаните, и тие разумно и праведно ќе се трошат за граѓаните и за инвестиции кои ќе им обезбедат поквалитетен живот.

Share This Article