Полуфиналниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар меѓу Шкотска и Украина е одложен.
Споменатиот дуел требаше да се одигра на 24 март на „Хемпден“ во Глазгов, но Украинците побараа од ФИФА да го одложи поради војната во нивната земја.
Светската фудбалска федерација им излезе во пресрет, а поради тоа беше одложено финалето на плејофот во кое Шкотска или Украина ќе се сретнат со подобриот од дуелот Велс – Австрија.
Новиот датум најверојатно ќе биде во јуни, но ФИФА допрва треба да го потврди тоа, пренесува Би-Би-Си.
„Фудбалот е ирелевантен во екот на конфликтот. Имаме силно чувство на солидарност што ни го пренесоа последните денови од навивачите и граѓаните на Шкотска. Им понудивме поддршка на украинските колеги колку што е можно повеќе во овие тешки околности“, рече Род. Петри.
Да потсетиме, Русија која во баражот требаше да се сретне со селекцијата на Чешка беше исфрлена од баражот.
Сите натпревари од плејофот за пласман на Светското првенство ќе можете да ги гледате во Спорт Клуб.