Парламентот на Нов Зеланд усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
AUCKLAND, NEW ZEALAND - MAY 14: Cigarettes are pictured for sale at a dairy on May 14, 2014 in Auckland, New Zealand. Finance Minister Bill English will deliver the federal budget Thursday and is expected to announce a surplus and approximately $NZD 1 billion in new spending. (Photo by Jason Oxenham/Getty Images)
- Advertisement -
Ad image

Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.

Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши.

– Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат – изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот.

Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.

Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.

Share This Article