Десетгодишник се обидел да спаси други деца, но и самиот се удавил

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Десетгодишно момче трагично загина додека се обидувало да спаси уште тројца пријатели кои пропаднале во замрзнатото езеро Бабс Мил, во близина на Бирмингем, Англија. Инцидентот се случил додека децата си играле на мразот на езеротоно во еден момент мразот попуштил под нивната тежина.

Џек Џонсон, според неговото семејство, скокнал во замрзнатото езеро без да размислува за сопствената безбедност откако ги слушнал врисоците на децата кои паднале во водата, пишува „Мирор“.

Спасувачките служби од езерото извлекле четири деца на кои им бил констатиран срцев удар и веднаш биле пренесени во болница. Меѓутоа, подоцна беше објавено дека заедно со Џонсон починале и двете деца кои тој се обидел да ги спаси, на возраст од 11 и осум години. Четвртото дете, на шестгодишна возраст, е во критична состојба.

Share This Article