Судскиот совет на затворена седница вчера ја разреши од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Судскиот совет на затворена седница вчера ја разреши од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева. Постапка за утврдување одговорност има и за судиите Наќе Георгиев од Врховен суд и Светлана Јованова. Пред Судскиот совет се најде и постапка за утврдување на одговорност кај Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд во Скопје, но оваа постапката е запрена.

Во случајот на велешката судијка, мнозинството членови гласале за разрешување. Судијката е разрешена според член 76 став 1 точка 7 од Законот за судовите, велат од Судскиот совет.

Според овој членоснова за разрешување на судија е нестручно и несовесно вршење на судиската функција, што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето на судијата.

Детали за конкретните причини за разрешувањето на судијката не се откриваат. Мишева е избрана за судијка во 2011 година, а работи на граѓански предмети.

Неофицијално, Судскиот совет требало да расправа и за одговорност на апелациониот судија Иљаз Исмаили од Гостивар, но за него Советот ќе се изјасни на наредните седници. Извештајот од комисијата не бил целосен, па предметот за Исмаили бил вратен на доработка.

Незадоволство кај дел од членовите на Советот предизвикала расправата за врховниот судија Наќе Георгиев од Струмица. Мнозинството гласало да му биде продолжена постапката и неговиот предмет да оди на седница за разрешување. Неофицијално, поради неговата постапка за разрешување, поранешен висок функционер му се заканил на целиот Судски совет.

Советот изгласал да се прекине постапката за претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и да се отфрли како неоснована.

Комисиите кои ги разгледуваат предметите за другите двајца судии треба да предложат на Судскиот совет дали постапката за одговорност да се запре или да се утврди одговорност, а на крај членовите ќе ја донесат конечната одлука.

Судиите за кои се изгласуваат дисциплински и мерки за разрешување, имаат право на жалба на начинот на кој била водена постапката.

- Advertisement -
Ad image

Недодамна за претседателка на Судскиот совет беше избрана судијката Весна Дамева, што предизвика реакции во јавноста поради нејзината блискост со партијата СДСМ.

Share This Article