Актерката Кејт Хадсон, која своевремено беше една од кралиците на романтична комедија, коментираше зошто студијата веќе не се толку подготвени да ги снимаат и како малку ги „затупуваат”.
За време на гостувањето во шоуто Hot Ones на Јутјуб, во кое гостите јадат пилешки крилца со лут сос и одговараат на прашања, Хадсон рече дека романтичните комедии се промениле откако таа глумеше во „Како да се изгуби момче за 10 дена”.
– Им треба навистина добра приказна, да почнеме со тоа. Мислам дека луѓето понекогаш мислат дека романтичните комедии се за тоа познато „слатко запознавање”. Одличен ром-ком е за откривање љубов, вљубување, губење љубов и потоа повторно барање љубов. Тоа е многу традиционална структура – рече таа.
– Оние филмови што ги сакаме имаат две ѕвезди во љубовната приказна. Тие се ведри, светкави и делуваат како исполнување на желбите. Тоа треба да ве обземе и да остане со вас засекогаш. Тоа се класици – рече Хадсон.
Таа предупреди: „Само затоа што се ведри не значи дека треба да биде премногу светли визуелно. Ми се чини дека жанрот често се затупува затоа што веруваат дека така треба. А хемијата … Имав среќа што глумев со Метју Меконахи”.
Хадсон на шега додаде дека овој нејзин опис на романтична комедија се чини дека е најдобар досега и дека веројатно ќе го предава кога ќе наполни 75 години.