Извршена распределба на социјалната зграда во Виница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за транспорт и врски денеска изврши електронска прелиминарна распределба на социјалната зграда во Виница. Зградата е со вкупно 36 станбени единици, изградена по Програмата за ранливи категории граѓани.

Право на учество на јавниот оглас кој беше распишан преку Министерството за транспорт и врски имаа категории на граѓани кои се од социјален ризик и тоа:  Деца без родители со навршени 18 години, корисници на загарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни непогоди, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, лица од социјално загрозени категории припадници на Ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца.

На прелиминарната листа се најдоа 32 лица кои ги исполнуваа условите пропишани во јавниот повик.

Потенцираме дека ова е само прелиминарна распределба и не е конечна. Во следниот период Комисијата за распределба на социјалните станови ќе изврши увид кај семејствата кои се најдоа на прелиминарната листа.  По завршување на теренскиот увид, ќе биде утврдена и конечната листа на добитници на станови.

Сите социјални станови што ќе останат нераспределени, ќе се префрлат во Комисијата за станбени прашања при Владата, каде ќе може да се доставуваат документи за нивна распределба.

Исто така би сакале да информираме дека до крај на оваа година ќе се изврши распределба и на социјалната зграда во Свети Николе.

Преку Проектот за изградба и одржување на социјални станови до сега се изградени или во фаза на изградба се повеќе од 850 социјални станови. Во завршна фаза е изградбата на социјалните згради во Демир Капија, Неготино и Гевгелија, а исто така континуирано се градат социјалните станови во општина Бутел, во Велес, Кочани и во Дебар.

Share This Article