Дванаесет држави од ЕУ вршат притисок за намалување на горната граница на цените на гасот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

редизвикувајќи загриженост дека договорот за оваа мерка може да пропадне пред овонеделниот итен состанок на европските министри за енергетика, покажува документот во кој имал увид Политико.

Амбасадорите се сретнаа во саботата за да разговараат за механизмот на Комисијата за корекција на пазарот, кој според Брисел ќе го ограничи прекумерното покачување на цената на гасот. Според првичниот план на Комисијата, горната граница ќе биде воведена кога цените на европската референтна вредност за трговија на големо со гас – холандскиот TTF – ќе достигнат 275 евра за мегават час за две недели, доколку тие цени се повисоки од 58 евра за MWh повисоки од цената на течниот природен гас на светскиот пазар, пишува Политико.

Но, земјите сè уште се остро поделени околу планот, додека Европската централна банка вели дека тоа може да ја „загрози финансиската стабилност во еврозоната”.

Последниот компромис на Советот, во кој, исто така, имал увид Политико и датира од 9 декември, предлага намалување на ограничувањето на 220 евра по MWh за пет дена и 35 евра за MWh над светските цени на ЛНГ.

Но, тоа не беше доволно за Белгија, Бугарија, Грција, Хрватска, Летонија, Италија, Литванија, Малта, Полска, Романија, Словенија и Словачка. Тие земји, кои се доволно за да формираат блокирачко малцинство и да го поткопаат договорот, побараа горната граница да се спушти уште повеќе, на 160 евра за MWh со опсег од 20 евра за MWh, покажува документот.

Тие исто така сакаат мерката да не се однесува само на тргувањата за еден месец однапред. Но, тоа е нешто што некои земји поскептични за ограничувањата на цените, како што се Германија, Холандија, Австрија, Данска, Естонија и Луксембург, рекоа дека е „црвена линија”, рече еден дипломат.

Амбасадорите денеска повторно треба да се сретнат за дополнително да разговараат за мерката, пред утрешниот вонреден совет.

Share This Article