Фудбалската репрезентација на Аргентина е проценета на 645 милиони евра, речиси 300 милиони повеќе од хрватскиот, покажуваат податоците на порталот Трансфермаркт.
Најскап играч во соблекувалната на „Гаучоса“ е напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез, кој е проценет на 75 милиони евра. Дефанзивецот на Тотенхем, Кристијан Ромеро вреди 55 милиони, а Лионел Меси и дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез по 50 милиони евра.
Крилниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа вреди 40 милиони евра, а играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родриго де Пол 35 милиони евра.
Хрватската фудбалска репрезентација вреди 377 милиони евра.
Најскап играч стана Јошко Гвардиол кој сега вреди 60 мил.
Следуваат Матео Ковачиќ (40), Марсело Брозовиќ (35), Марио Пашалиќ (25), Ловро Мајер (22), Никола Влашиќ (20), Борна Соса (20), Лука Сучиќ (20)…
ХРВАТСКА – 377 милиони евра
60 – Јошко Гвардиол
40 – Матео Ковачиќ
35 – Марсело Брозовиќ
25 – Марио Пашалиќ
22 – Ловро Мајер
20 – Никола Влашиќ, Борна Соса, Лука Сучиќ…
АРГЕНТИНА – 645 милиони евра
75 – Лаутаро Мартинез
55 – Кристијан Ромеро
50 – Лионел Меси, Лисандро Мартинез
40 – Ангел Кореа
35 – Родриго де Пол