Ерупција на вулканот Фуего или во превод Огнен во Гватемала вчера предизвика неколкучасовно затворање на главниот аеродром во земјата, соопштија локалните власти. Фуего е висок 3.763 метри и се наоѓа на 35 километри од главниот град на Гватемала. Ерупцијата почна во саботата навечер. Неговото сликовито и живописно еруптирање беше фатено на повеќе снимки. Пепелта стигнала до пистата на Меѓународниот аеродром во Гватемала сити, па тој морал да биде затворен цели три часа, соопштија воздухопловните власти.
Фото: Илустрација