Засега непознато лице се фрлило од Мостот Близнак на булевар Србија во речното корито во надојдените води на Вардар, соопшти Центарот за управување со кризи.
Информацијата за ова е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.
На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипи на МВР. Побарана е подршка од спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.