Француската полиција употреби солзавец на Елисејските полиња во Париз каде илјадници луѓе ги славеа победите на Мароко и Франција во четвртфиналето на Светското првенство.Илјадници навивачи ја исполнија најпознатата авенија во Париз веднаш по завршувањето на натпреварот меѓу Мароко и Португалија, пеејќи, веејќи знамиња и свирејќи со сирени. Уште повеќе од нив се собраа таму по победата на Франција над Англија.
Ројтерс и Ле Фигаро пишуваат дека некои почнале да кршат излози и да се судрат со полицијата, која потоа испукала солзавец.
Според францускиот информативен канал BFMTV, во саботата вечерта на Шанзелизе имало 20.000 луѓе, од кои 74 биле уапсени.Повеќе од илјада полицајци го чувале обезбедувањето.
Огромното мнозинство навивачи, сепак, не се судрија, туку диво ги славеа успесите на своите тимови.
Франција и Мароко ќе играат меѓу себе во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
„Тој натпревар ќе биде како татко ми да игра против мајка ми“, се пошегува Лилија, 36-годишна француска Мароканка која дојде на Шанзелизе за да ги прослави успесите на „нејзините две репрезентации“.