Косовската полиција привремено ги затвори граничните премини на северот на Косово во Јариње и Брњак. Поводот за тоа е полициска проценка и мерка за претпазливост по блокадите кои ги поставија српските жители на неколку села.
Како што е соопштено, мерките за претпазливост се преземени по блокадите на територијата на општините Лепосавиќ, Звечане и во Зубин Поток, каде што е нарушена слободата на движење.
Во овие општини денеска се поставени барикади на патиштата акако реакција на апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.
Граничната полиција ги повика граѓаните кои сакаат да влезат во Косово да ги користат другите гранични премини. Во повикот кон нив се бара и соработка како и „ да не наседнуваат на повиците за провокации од криминалнни групи“.