Вработените во администрацијата ќе добијат К-15 за оваа и за 2020 година и донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата на денешната седница одлучи вработените во администрацијата ќе добијат К-15 за оваа и за 2020 година и донесе Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Имајќи ја предвид обврската за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година до крајот на тековната година (К-15), како и правосилните судски пресуди и најавените понатамошни судски постапки за остварување на правото за неисплатен регрес за годишен одмор за 2020 година, а со цел намалување на товарот врз Буџетот по основ на судски и адвокатски трошоци, на предлог на Министерството за финансии, Владата донесе заклучок со којшто буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор ќе бидат задолжени потребните средства за исплата на регрес за годишен одмор за 2020 и 2022 година во нето износ од по 9.000 денари, да ги обезбедат во рамките на одобрениот Буџет за 2022 година, со внатрешна прераспределба помеѓу расходни ставки.

„За буџетските корисници и единките корисници опфатени со Гранскиот колективен договор, коишто немаат реални можности да ги обезбедат потребните средства за исплата на регрес за 2020 и 2022 година со внатрешна прераспределба во рамките на сопствениот Буџет за 2022 година, предвидено е да се обезбедат средствата со Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите“, информира владината прес-служба.

Share This Article