Напаѓачот на Бразил, Нејмар, го отвори резултатот во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година против Хрватска.
Овој беше 77. гол за 30-годишниот фудбалер за националниот тим – точно исто толку постигна и легендарниот бразилски напаѓач Пеле.
Сега Нејмар и Пеле го делат рекордот по голови за бразилската репрезентација.
Сепак, Нејмар вечерва нема многу причини за славје, бидејќи Хрватска по пенали го елиминира Бразил.
Хрватска во полуфиналето на Светското првенство 2022 ќе игра со победникот од мечот меѓу Холандија и Аргентина (почеток 20 часот).
Фудбалерите на бразилската репрезентација по поразот од Хрватска вечерва не можеа да ги скријат солзите и разочарувањето.
На Нејмар не му се веруваше како од речиси пласирани во полуфиналето, „кариоките” на крајот останаа со празни раце.