Репрезентацијата на Хрватска е прв полуфиналист на Светското фудбалско првенство 2022, откако вечерва по голема борба го совлада Бразил на пенали.
Натпреварот во Ал Рајан по основните 90 минути заврши без победник 0:0. Во судиското надополнување од првото продолжение Бразил преку Нејмар поведе со 1:0. Хрватска се избори за пенали со голот на Бруно Петковиќ во 117.минута.
Во пенал рулетот Хрватите беа максимални прецизни. Погодија Влашиќ, Мајер, Модриќ и Оршиќ. Кај Бразилците реализира Каземиро и Педро, додека Родриго и Маркињос не беа прецизни.
Најзаслужен за пласманот на Хрватска во полуфиналето е голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ кој покрај одбранетиот пенал на Родриго во серијата удари од 11 метри, во неколку наврати ја спаси својата репрезентација.
Вечер на Мундијалот во Катар е второто четвртфинале во кое се среќаваат Холандија и Аргентина.