More

    Опозиционерот Јашин осуден на осум ипол години затвор

    spot_img

    Рускиот суд го осуди опозицискиот политичар Илија Јашин на осум ипол години затвор поради противење на руската инвазија на Украина, пишува Гардијан. На Јашин му се судеше под обвинение за ширење лажни информации со цел да се дискредитира руската армија, според законот воведен откако Русија ја започна војната.

    „Изразувајќи омраза кон политичкиот систем на Руската Федерација и сфаќајќи дека тој е јавна личност… Јашин создаде реална закана за формирање на негативен став кон вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во пресудата, која беше донесена во Московскиот окружен суд Мешчански.

    Ветеранот на руската антипутинска опозиција, Јашин беше еден од малата група гласни противници на војната кои избраа да не ја напуштат земјата, велејќи претходно оваа година дека верува дека „антивоените гласови звучат погласно и поубедливо ако човек остане во Русија“.

    Во говорот во судницата оваа недела, Јашин рече:

    – Морам да останам во Русија, мора гласно да ја зборувам вистината и морам да го прекинам крвопролевањето по секоја цена. Физички ме боли да размислувам колку луѓе се убиени во оваа војна, колку животи се уништени и колку семејства ги загубиле своите домови. Не можете да бидете рамнодушни. И се колнам дека не жалам за ништо.

    Тој додаде:

    – Подобро е да поминете 10 години зад решетки како чесен човек, отколку тивко да горите од срам поради крвта што ја пролеа вашата влада.

    Јашин се придружува на мала група други истакнати неистомисленици кои се затворени затоа што зборувале против војната. Меѓу нив е и Владимир Кара-Мурза, друг опозиционер, исто така обвинет за ширење лажни информации за армијата. Некои медиуми наведуваат дека тој е обвинет и за предавство.

    Русија го донесе законот за ширење лажни информации за армијата откако летово беа објавени многу написи за случувањата во градот Буча, кои западните медиуми ги нарекоа масакр.

    Но, во Русија се апси и за многу други причини поврзани со војната. Еден од најбизраните примери е кога во јули, руски градски советник беше осуден на седум години затвор откако критички зборуваше за еден натпревар за цртање за деца.

    – За каков натпревар во детско цртање можеме да зборуваме за Денот на детето … кога имаме деца кои умираат секој ден? – рекол тој летово.

    Оваа негова реченица е клучниот доказ против него во судскиот процес.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img