Бен Вајт на последниот ден од ноември го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Англија, а со соопштение се огласи и фудбалската федерација на оваа земја. Нешто подоцна се покажа дека ја лажеле јавноста.
Бен Вајт на последниот ден од ноември го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Англија, а со соопштение се огласи и фудбалската федерација на оваа земја. Нешто подоцна се покажа дека ја лажеле јавноста.
Вајт поради повреда го пропушти воведниот меч на Гордиот Албион против Иран, не играше против САД и Велс, а потоа се врати во татковината. Од англиската федерација изјавија дека тоа е од приватни причини и побараа да се почитува приватноста на фудбалерите, но тоа очигледно е далеку од вистината.
„Бен Вајт ја напушти англиската тренинг база во Ал Вакраа и се врати дома во Англија. Причината е од приватна природа. Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар и нема да биде во составот до крајот на Светското првенство. Бараме во овој момент да се почитува приватноста на играчите“, соопшти тогаш Фудбалската асоцијација на Англија.
Сепак, се појави вистинската причина за заминувањето на Вајт од Катар, а тоа е конфликт со помошниот тренер Герет Саутгејт. Наводно, Вајт влегол во клинч со Стив Холанд на тренинг.
На крајот, одлуката беше дека Бен Вајт може да се врати во Арсенал и дека повеќе не се бара да биде член на тимот за време на Светското првенство. Очигледно е дека англиските репрезентативци не гледаа на ова како претеран проблем со оглед на тоа што лесно се пласираа во четвртфиналето.