Дојава за поставени бомби денеска има во трговските центри Ист Гејт Мол и Бисер и бројни други локации, соопшти МВР.
Утрово има дојави за поставени експлозивни нaправи има и во неколку средни училишта во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението од МВР.
„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар.
Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.